spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Со одлуката за начинот за употреба на механизирани паркинг системи го...

Центар: Со одлуката за начинот за употреба на механизирани паркинг системи го решаваме хаоосот со паркирањето во градежните парцели

На вчерашната 14-та седница, покрај останатите точки, на предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Советот ја донесе и Одлуката за доуредување на начинот на обезбедување паркинг места во рамките на градежна парцела со употреба на механизирани паркинг системи.

Со оваа одлука се пропишува начинот на обезбедување паркинг места со употреба на механизирани паркинг системи (т.н. „клацкалки“) во рамките на градежните парцели. Механизирани паркинг системи се сите видови на машински потпомогнати системи со кои се обезбедува подигање и/или спуштање на возила со цел искористување на просторот под, односно над друго возило како дополнително паркинг место, а притоа не претставуваат градежни структури.

Со одлуката се забранува употребата на механизирани паркинг системи со повеќе од две нивоа, а нивната употреба се ограничува во рамки на градежната парцела, односно во делот кој е предвиден за градење, каде што системите може да се поставуваат на приземното ниво и во подземните нивоа.

„Оваа одлука неколку месеци ја разработуваме, за да можеме да ја образложиме и претставиме пред Советот. Најголем проблем се зградите и паркинзите таму, а наше е да имаме законски увид. Со оваа одлука решаваме еден голем проблем, а размислуваме да се формира комисија за домување, која за задача ќе има по градењето да врши увид на терен, да види што се случува со паркирањето и дали се користат механизираните системи“, изјави на седницата градоначалникот Герасимовски.

Во градежните парцели со површина до 1000 метри квадратни, дозволена е употреба на механизирани паркинг системи доколку најмалку 50% од потребниот број на паркинг места се обезбедени без механизирани системи, а за оние парцели со површина од над 1000 метри квадратни дозволена е употреба доколку најмалку 90% од потребниот број на паркинг места се без паркинг системи.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...