spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаШироката коалиција ДПМНЕ и СДСМ заедно за уништување на Ѓорче Петров –...

Широката коалиција ДПМНЕ и СДСМ заедно за уништување на Ѓорче Петров – Нови згради во Хром, Дексион и кај Реонски Парк

На последната седница на Советот, иако советничката група од Левица гласаше „ПРОТИВ“ – мнозинството даде согласност и на тој начин се усвои дополнувањето на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Ѓорче Петров за 2022 година.

ДПМНЕ и коалицијата со гласањето „ЗА“, дадоа согласност за отуѓување на државно земјиште и изградба на нови бетонски зданија во: близина на Реонскиот парк, Дексион, Хром и Кучково.

Стојкоски и ДПМНЕ се надеваат на полнење на Буџетот на општината и нивниот џеб, така што до крајот на 2022 година очекуваат да се продадат земјиштата и да никнуваат нови згради во:

– Дексион, 7 катница на главната улица „Ѓорче Петров“, согласно ДУПот за градска четврт СЗ 13 којшто ДПМНЕ го изгласа кон крајот на минатата година;

– Во близина на Реонскиот парк Ѓорче Петров, зад Кам Маркет, 6 катница, согласно ДУПот за градска четврт СЗ 15 изгласан на почетокот од минатата година од СДСМ;

– Хром, кај ул. „Зејнел Ајдини“ 4 катница, согласно ДУПот за градска четврт СЗ 20 изгласан од СДСМ.

Иако советниците од Левица, во секоја прилика истакнуваат дека Општината мора да најде друг начин за зголемување на приходите, општинската власт сепак, упорно го избира најлесниот начин за нив и нивниот личен интерес, а најболниот за жителите на Општина Ѓорче Петров особено од урбаниот дел – отуѓување на државно земјиште.

За Левица се неприфатливи ваквите „решенија“, особено во услови кога Општина Ѓорче Петров „кубури“ со паркинг места, градинки, зеленило…

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МП: Министерот Филков оствари средба со претседателот на Здружението на новинари...

0
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со претседателот на Здружението на новинари на Македонија , Младен Чадиковски и претседателот на  Европската федерација на...