Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити вчера ја пречека Претставничката на Канцеларијата на УСАИД во РСМ, г-ѓа Џери Дајбл, со која разговараа за можностите за соработка во областа на дигитализацијата.
Министерот Алити, нагласи, дека досегашната соработка и поддршка со УСАИД, особено за проектите за сајбер безбедноста, се исклучително вредни и дека треба да продолжат, за да донесат задоволителни резултати.

Исто така, Алити ја информираше за ангажманот на МИОА во процесот на реформи во јавната администрација и реорганизација на институциите, со што се труди позитивно да се влијае на професионалноста и ефикасноста на државната администрација.
Соговорниците се согласија да се сретнат и во иднина, со цел да продолжат во продлабочувањето на соработките.