spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Промовирани теренски возила и лична опрема за управувачот на ЗП Осоговски...

МЖСПП: Промовирани теренски возила и лична опрема за управувачот на ЗП Осоговски Планини и ЗП Малешево

Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова вчера присуствуваше на настанот на кој беа промовирани теренските возила и личната опрема кои му беа доделени на управувачот со Заштитениот предел (ЗП) – Осоговски Планини и ЗП Малешево, ЈП “Национални шуми”.

Промовирани теренски возила и лична опрема за управувачот на ЗП Осоговски Планини

Осоговските планини во 2020 година беа прогласени за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како и специфичната интеракција на луѓето и природата.

Државниот секретар Шукова истакна дека прогласувањето на Осоговските Планини за заштитен предел, веќе покажува резултати и игра важна улога во одржување и зачувување на природните вредности на Осоговските Планини.

 

Процесот за прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје се водеше во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а беше координиран од „Фармахем“ од Скопје. Локалната експертиза во процесот е на Македонското Еколошко Друштво, МЖСПП и целните општини Берово и Пехчево.

IMG_20221007_184718

На денешниот настан беше презентиран и процесот за воспоставување на телото за управување со ЗП Осоговските Планини.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЖСПП: Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и...