Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оддржа редовен неделен брифинг со новинари, како осврт кон неделните активности како и последните случувања на надворешната политика на земјата, регионот но и пошироко.
Во фокус на разговорот со новинари беше првиот состанок на Европската политичка заедница, оддржан завчера во Прага, при што Министерот истакна дека се потврди од практично сите 44 земји учеаници дека Европската политичка заедница е заеднички европски одговор кон руската закана за европската безбедност. Османи истакна дека истата не е замена ниту на проширувањето на ЕУ ниту на ОБСЕ.
“Дилемите кои што беа во јавноста, пред се во ЗБ, по однос на тоа дали оваа заедница сега се јавува како алтернатива на ЕУ, дали е заедница која што ќе ги згрижи аспирантите за членство во ЕУ, тоа се расчисти. Прво, составот на самата заедница, учеството на Обединетото Кралство – кои не претендираат да бидат дел од ЕУ – јасно зборуваат дека оваа заедница нема намера да се занимава со европските политики како ЕУ. И второ, Европскиот совет донесе одлука и заклучоци дека на ниеден начин оваа заедница не смее да се интерпретира како некакво мешање во политиките на ЕУ, а пред сѐ, политиките на проширување” истакна Османи.
Одговарајќи на новинарските прашања поврзано со вчерашното отварање на граѓанското здружение во Охрид и називот што го носи истото, Министерот рече дека се работи за несоодветен назив, односно име што меѓународно се признава како спротивно на споделените вредности и како таков не е во полза на никому, а најмалку на Вугарската заедница во нашата земја.
“Правото на здружување е неприкосновно: Граѓаните имаат право да создаваат клубови колку што сакаат, согласно Уставот и законите. Меѓутоа името не е во согласност со оваа втора точка од Конвенцијата, а тоа е, во духот на дијалог и пријателство, бидејќи оваа име ниту придонесува, ниту помага во пријателството, разбирањето, дијалогот помеѓу народите и помеѓу државите, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Оттука, сметам дека, да, е провокација. Дури, ќе одам и подалеку: мислам дека е на штета на интересите на Бугарската заедница овде. Дали тоа некој им го права свесно или несвесно, не можам да кажам” образложи шефот на дипломатијата.
Министерот меѓу другото ја истакна важноста на превенирање на злоупотребата на правата на граѓаните на Северна Македонија, како уникатен модел на мултиетничка функционалн демократија со докажана култура на дијалог и компромис.