spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Преку заеднички заложби на сите релевантни фактори до подобрување на квалитетот...

МТСП: Преку заеднички заложби на сите релевантни фактори до подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост

Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Чаир, Скопје кој што е под надлежност на Министерството за труд и социјална политика денеска доби донација од прехранбени продукти од страна на Баталјонот на Воена Полиција. Донацијата е направена во рамките на одбележувањето на “17-ти Октомври, Денот на Командата за операции (КО)” и “29-ти Октомври, Денот на Баталјонот на Воена полиција (бВП)”. На активноста присуствуваа Командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини и Командантот на бВП, потполковник Кире Николовски.

 

Дејноста на Заводот за рехабилитација на деца и младинци е регулирана со Законот за социјална заштита. Установата организира услуги на вон-семејна заштита за лица со попреченост и тоа: услуга на сместување и услуга на живеење со поддршка, како и услуги во заедницата односно дневен престој и одмена на семејна грижа за лица со попреченост. Во моментот активно го посетуваат 54 лица кои користат услуги согласно нивните потреби За лицата кои се дел од заводот се грижи стручен тим кој што им помага за активностите кои вклучуваат рехабилитација и хабилитација на лицата со попреченост.

„Тука во Заводот каде што обезбедуваме рехабилитација, третман, стекнување на животни вештини, работно оспособување и професионална рехабилитација, поддршка при вработување, социјални, културни и рекреативни активности сме среќни кога имаме посетители особено кога се работи за добра кауза“ рече Пашоли.

Директорката на Заводот се заблагодари за донацијата од страна на бВП и посочи дека секогаш е отворена за соработка и се што оди во прилог на корисниците кои што се нејзина надлежност.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Гази Баба: Градоначалникот Стефковски на терен низ Автокоманда

0
Заедно со службите од ЈКП Гази Баба започнуваме со акција за обележување на пешачките премини на локалните улици низ Општина Гази Баба со посебен...