spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМТСП: Како државни институции заедно со граѓанскиот сектор имаме слух за потребите...

МТСП: Како државни институции заедно со граѓанскиот сектор имаме слух за потребите на граѓаните во државата

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска заедно со сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска и Министерот за здравство, Беким Сали, присуствуваа на отворањето на Центарот за ментално здравје и психо – социјална поддршка од страна на Црвен Крст на Република Северна Македонија.

 

„Нашата соработка и нашата заедничка посветеност на менталното здравје на граѓаните е на високо ниво. Ние како Влада, како Министерство за труд и социјална политика, како државни институции имаме слух за потребите на граѓаните во државата. Тука се разбира незаменлив е и граѓанскиот сектор, нивниот увид од терен секогаш ја дава реалната слика на потребите на граѓаните и на основа на тоа ги креираме услугите кои што секогаш се во нивна корист грижејќи се за нивната благосостојба“ рече Тренчевска.

Таа се осврна на актуелната тема како што е менталното здравје која што особено се зборува помеѓу младите. Министерката истакна дека особено ја радува тоа што граѓаните се охрабруваат се повеќе да побараат помош кога се работи за менталното здравје и психо – социјалната поддршка.

„Центарот функционира преку четири компоненти. Опфатот на неговата работа е голем, самото тоа што се работи на подигнување на свеста околу стигмата за менталното здравје и психо-социјалните потреби, едукација преку психо-едукативни материјали за реакции при соочување со стресни ситуации и справување, психо-едукација на национално ниво преку јавни дискусии и интерактивни мултимедиумски материјали на социјални мрежи значи дека ќе стигнат информациите до сите лица во нашата држава“ изјави Тренчевска.

На крајот од своето обраќање Тренчевска посочи дека отворањето на ваквите сервиси е доказ дека граѓаните треба да ја имаат довербата во институциите и дека токму отворањето на овие сервиси оди во прилог на добросостојбата на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...