spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЕвропската Унија останува со нас во време на криза

Европската Унија останува со нас во време на криза

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на маргините на Европскиот самит во Салзбург, одржа билатерални средби со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, со генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Австрија, Лаунски-Тиефентал и Александар Симурдиќ, директор на Фондот за европски прашања на АП Војводина.

На состанокот со еврокомесарот Хан беше изразена поддршката и помошта што ќе ја даде ЕУ за надминување на енергетската криза, и потврдено дека Унијата останува со нас во време на светска криза, со што уште еднаш ја покажува солидарноста на дело.

– Со нашите докажани европски партнери и пријатели полесно и побрзо ќе ги надминеме кризите со кои се соочува цела Европа. Овие предизвици нè принудуваат да работиме заедно поинтензивно на обновливи извори на енергија, а од друга страна светската енергентска криза бара да почнеме со енергетско поврзување и градење на енергетска инфраструктура, рече Маричиќ на состанокот.

Одлична конструктивна средба  вицепремиерот за европски прашања Маричиќ одржа со Петер Лаунски-Тиефентал, Генералиот секретар на Министерството за надворешни работи на Австрија.

На состанокот соговорниците се согласија дека во овие моменти сојузништвото и обединетоста се најважни. Петер Лаунски-Тиефентал рече дека Австрија останува наш искрен поддржувач на евроинтеграциите и на напредокот во реформите, со цел процесот за членство во ЕУ да биде побрз и полесен за Северна Македонија.

Вицепремиерот Маричиќ имаше состанок и со Александар Симурдиќ, директорот на Фондот за европски прашања на АП Војводина, на кој беше дискутирано за искуствата на Србија во процесот на евроинтеграции и за заедничките предизвици со кои се соочуваме во делот на јавната администрација и зголемување на нивото на искористеност на европски средства.

Маричиќ и Симурдиќ потврдија дека за евроинтегративниот процес е најважно да се разбере неговата важност и да биде инклузивен процес, во кој секој ќе даде свој придонес.

Според искуствата на директорот Симурдиќ, локалните заедници ќе играат важна улога и ќе мора да се подготвени за новите програми и поддршка која ќе доаѓа од ЕУ и на најдобар начин да ја искористат за граѓаните час поскоро да ги почувствуваат бенефитите од преговорите и членството во Унијата.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...