spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗаемната соработка со Албанија ќе го направи процесот на преговори со ЕУ...

Заемната соработка со Албанија ќе го направи процесот на преговори со ЕУ поефикасен и побрз за двете земји

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со главната преговарачка со ЕУ за Република Албанија, Мајлинда Дука потпиша Меморандумот за соработка за прашањата поврзани со интеграцијата во Европската Унија, во рамки на втората меѓувладина седница на Македонија и Албанија, која се одржа денес во Скопје.

– Со Република Албанија остануваме и понатаму во евроинтегративниот процес давајќи несебична поддршка едни на други, и на политичко и на техничко ниво. Работиме заедно и имаме видлив степен на соработка и блискост и помеѓу нашите тимови на експертско ниво, кога сме во Брисел. Денеска го официјализираме тоа што го разговаравме на последната средба со мојата колешка Мајлинда Дука, посочи вицепремиерот Маричиќ.

Според него, Меморандумот за соработка за прашањата поврзани со интеграцијата во Европската Унија е инструмент за институционализирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Албанија кој ќе им помогне на двете земји подобро да се подготват за пристапување во Европската Унија како полноправни членки.

Вицепремиерот Маричиќ смета дека Меморандумот ќе помогне во идентификувањето области каде двете земји ќе градат заеднички ставови и ќе бараат заеднички место на масата со земјите членки за процеси кои ги засегнуваат. Меморандумот исто така овозможува, преку размена на знаења, информации, искуства, практики, државни службеници, организирање на заеднички настани, консултации, иницијативи, и преку воспоставување на постапки за координација и редовни состаноци, да се направи процесот на пристапни преговори полесен, поефикасен и побрз.

Маричиќ и Дука се согласија дека ова е уште еден чекор напред кон зајакнување на меѓусебната веќе блиска соработка, и дополнително придонесува кон развојот на пријателските и добрососедските односи меѓу двете земји.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте