spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВо Луксембург започна билатералниот скрининг за поглавјето 18

Во Луксембург започна билатералниот скрининг за поглавјето 18

Делегацијата на Република Северна Македонија, предводена од Заменик главниот преговарач Дрита Абдиу Халили вчера во Луксембург го започна билатералниот скрининг за поглавјето 18  – Статистика.

– Статистиката е од особено значење за целокупниот развој на нашата држава, придонесува кон добро планирање и мониторинг на макроекономската стабилност, подобрување на бизнис климата, функционирањето на пазарот на труд и финансиите, подобар квалитет на образованието, инфраструктурата, иновациите, односно за унапредување на економската интеграција во Европската Унија, посочи Абдиу- Халили на состанокот.

Европското законодавство кое се однесува на статистиката во континуитет се спроведува и се изменува во насока на усвојување нови методологии, технологии и техники за собирање и анализа на податоците.

Претставници од Државниот завод за статистика, Министерството за внатрешни работи, Институтот за јавно здравје, како и други државни институции кои работат на ова поглавје ќе го презентираат пред експеритте на Европската комисија нивото на усогласеност на националната законска рамка со европското право кое се однесува на поглевјето Статистика. Исто така ќе се презентираат и степенот на имплементација на постоечката законска рамка, како и институционалните капацитети потребни за целосно спроведување на новите европски регулативи и директиви кои беа претставени од страна на Европската комисија за време на обајснувачкиот скрининг кој се одржа во септември оваа година.

Нашиот преговарачки тим е максимално посветен и подготвен за предизвиците кои следат.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...