spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Не треба да бидат редуцирани финансиски средства за дежурства и ноќен...

МЗ: Не треба да бидат редуцирани финансиски средства за дежурства и ноќен труд

Министерството за здравство сите напори континуирано ги насочува кон афирмација и унапредување на статусот и улогата на здравствените работници во општеството. Изминатите три години здравствените работници и здравствените соработници, посветено и со натчовечки напори работеа на браникот на ковид пандемијата, пружајќи помош и борејќи се за здравјето и животот на секој пациент.

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, имајќи ја предвид незаменливата улога на здравствените работници, јасно и недвосмислено го истакнува ставот дека тие ја заслужуваат сета наша почит и во ниеден случај не треба да бидат редуцирани финансиски средства од нивните додатоци, како што се надоместоците за дежурства и ноќен труд.

Воедно, го пренесуваме и ставот, како на Министерството за здравство, така и на Владата на РСМ дека не се планира воведување проекти за плаќања по учинок, особено поради фактот што овој тип на проекти во минатото се покажаа како целосно неуспешна реформа.

Министерот и заменик министерот за здравство, заедно со претставници на двата синдиката за здравство, како и претставници од Лекарската комора на Македонија и Здруженијата за медицински сестри, овие ставови ќе ги претстават и пред Фондот за здравствено осигурување и Министерството за финансии, со цел да се приоретизира ова прашање, односно да се изнајдат средства за покачување на платите, со особен осврт на медицинските сестри и другите здравствени работници и соработници со средно образование.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...