spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаОбединетоста околу социјалдемократската платформа е влог во просперитетна иднина на земјата и...

Обединетоста околу социјалдемократската платформа е влог во просперитетна иднина на земјата и регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се сретна со Мартин Шулц, претседател на фондацијата „Фридрих Еберт“ и поранешен претседател на Европскиот Парламент.

На средбата беше разговарано за севкупните активности на фондацијата во регионот и во Република Северна Македонија, како и за актуелните случувања во земјава.

Заеднички беше оценето дека политиките кои ги носи оваа Влада, а кои се темелат врз социјалдемократски постулати, резултираа со развој и унапредување на демократијата, владеењето на правото и унапредување на човековите права и слободи. Директен резултат на овие политики е и исполнувањето на нашата стратешка цел, членство во НАТО, како и започнувањето на преговорите со ЕУ.

Премиерот Ковачевски на средбата го информираше Мартин Шулц за предизвиците со кои се соочува Владата во делот на евроинтеграцискиот процес и изрази благодарност за силната поддршка од страна на Европската Унија за отпочнување на пристапните преговори и за најголемата придобивка за која се изборивме – целосно заштитен македонски јазик, а со тоа и македонски идентитет.

На средбата беше разговарано и за актуелната економска и енергетска криза и нејзиното надминување, како и за политичката клима во земјава пред отпочнување на собраниската процедура за уставните измени.

Претседателот на фондацијата „Фридрих Еберт“, Мартин Шулц, го изрази своето силно уверување дека негувањето на социјалдемократските вредности  и вложувањето во заштитата, почитта и сигурноста на граѓаните се сериозна инвестиција во демократска и просперитетна иднина. Тој ја истакна важноста од постоење на една силна социјалдемократска платформа во регионот која ќе го гарантира обединувањето околу вистинските демократски вредности.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за придонесот од „Фридрих Еберт“ фондацијата за европските интеграции, унапредувањето на политичкиот дијалог на Северна Македонија и изрази уверување дека со континуирана и посветена работа и носење храбри одлуки, ќе се обезбеди посигурна иднина.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Бутел: Започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица...

0
Ветувањето пред граѓаните на Визбегово се реализирам со забрзана динамика.Денес започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица 1.Улица 1 заедно со...