spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Дигитализација на отворена дебата во Академијата на науките и уметностите

МИОА: Дигитализација на отворена дебата во Академијата на науките и уметностите

Завчера министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, учествуваше на настанот “Дигитална иницијатива МК2025” организиран од “Macedonia2025”, невладина организација со примарен фокус на економски и лидерски развој.

“На патот наречен дигитализација по кој чекори нашето општество, ваквите настани иницирани од невладиниот сектор се дополнителен катализатор за размена на искуства и знаења, но и дополнителна мотивација и притисок кон јавните институции побрзо да одговориме на предизвиците и да се реформираме” го отвори својот говор министерот Шаќири.

Министерот Шаќири додаде: “Владата преку МИОА, е цврсто решена во своите заложби да ги користи предностите на ИКТ индустријата и да создаде напредно информатичко општество, и со тоа да ја зголеми продуктивноста, ефикасноста и иновациите во јавниот и приватниот сектор”.

Шаќири се обрати на панелот: “Со Законот за Агенцијата за дигитализација имаме за цел да создадеме услови за формирање на Агенцијата до крајот на оваа година. Ова Агенција централизирано и брзо ќе ги обезбеди потребните ресурси и системи за електронска комуникација помеѓу самите институции најпрво, а во исто време и со компаниите, менаџирање на буџетите за ИТ, како и конечно замена на сите услуги кои што се добиваат низ разни шалтери, со електронски услуги”.

“Ваквите настани како денешниот се важни во овој процес и јас како министер секогаш ке бидам присутен со мојот придонес, но и директно вклучен во процесите кои што на долг рок ке ја променат сликата на нашата економија, дигитализацијата општо како процес, кое што на крај има директен импакт врз нашиот живот и стандард на нашите семејства”, го затвори својот говор министерот Јетон Шаќири.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте