spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Состанок на министерот Пенов со шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот...

МЛС: Состанок на министерот Пенов со шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Вахл

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов имаше средба со новоименуваниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, амбасадорот Килиан Вахл.
На состанокот се разговараше за досегашната соработка и поддршката на ОБСЕ во спроведувањето на политиките на Министерството. Беше истакната континуираната поддршка на процесот на децентрализација и на општините.
Министерството за локална самоуправа и ОБСЕ имаат потпишано Меморандум за соработка во рамките на кој се реализираат заедничките проекти.
На состанокот се разговараше за приоритетните активности за наредната година, за што веќе е договорено ОБСЕ да подготви компаративна анализа за надзорот над општините, како и реализација на проект во една или две пилот
општини за поттикнување на граѓанското учество на локално ниво преку имплементирање на конкретен модел.

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...