spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Пожарот над „Топлик“ локализиран

Гевгелија: Пожарот над „Топлик“ локализиран

Успешно заврши акцијата на ТППЕ- Гевгелија и ШС „Кожув“- ПЕ Гевгелија за гаснење на пожарот кој избувна над браната „Топлик“ во попладневните часови. Имено, вчерашниот пожар во подножјето на Кожув Планина беше локализиран и ставен под контрола од страна на гевгелиските пожарникари и шумските работници кои дејствуваа со 2 теренски, противпожарни возила, спречувајќи ја можноста за негово проширување.
– Денеска, со помош на 2 теренски возила од ТППЕ и ШС, пожарот е целосно изгаснат, информираше командирот Ризов на ТППЕ- Гевгелија, истакнувајќи дека според проценката и утврдената штета е зафатена површина од 5 хектари нискостеблеста шума. Причината за избивање на пожарот е човечки фактор.
Заради превенција од реактивирање на огнената стихија поради високите температури, патроли од ШС ќе вршат мониторинг на опожареното место.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МЗ: Кампања „Спринт за имунизација“

0
Седумдесет тимови на доктори и медицински сестри, изминатата недела се на терен и веќе посетија над 3.000 семејства на невакцинирани деца во рамките на...