spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМО: Нови 149 подофицери во Армијата, Петровска им порача дека се клучна...

МО: Нови 149 подофицери во Армијата, Петровска им порача дека се клучна алка во безбедносниот систем

Армијата на Република Северна Македонија добива нови 149 подофицери, поранешни професионални војници кои во Армијата ги докажаа своите способности професионалност и мотивираност. Армијата во последните две години се зајакна со вкупно 339 подофицери, во четири наврати од по 55, 65, 70 и 149 припадници на Армијата, кои беа избрани од басенот на професионални војници и кои минаа низ двомесечна обука за подофицери.

Министерката Славјанка Петровска на новите подофицери им порача дека тие ја имаат честа да бидат штит на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава, да ги чуваат нашите граѓани безбедни и да го одржуваат мирот за сите нас.

„Вие бевте предложени од страна на вашите претпоставени, благодарение на вашите способности и подготвеност, но и поради тоа што тие веруваа во вас и во вашите капацитети дека токму вашиот индивидуален квалитет може дополнително да придонесе за развој на Армиските капацитети. Бидете горди на ова ваше постигнување, но не застанувајте тука. Продолжете со вашата иницијативност и упорност и бидете пример за останатите“, рече министерката и додаде дека подофицерите се оние кои со личен пример ќе им покажат на професионалните војници како се станува вистински професионалец.

Петровска подвлече дека Министерството и Армијата ќе продолжат да работат заедно за уште посилен развој, нова и модерна опрема, подобри услови за работа.

„Ќе продолжиме да работиме и да одговориме на барањата на Генералштабот и ќе направиме сè за Армијата да биде соодветно пополнета, но и истовремено модернизирана согласно стандардите. Наша обврска е да креираме кадар, но услови и современи алатки за работа, и да одговориме на вашите потреби кои дополнително влијаат на јакнењето на мотивацијата“, истакна министерката.

Командантот на Командата за обука и доктрини, полковникот Васко Коколански рече дека денеска Армијата ги зајакна своите капацитети со лидери кои мотивираат, инспирираат и водат. Коколански додаде дека подофицерите преку секојдневните задачи, обуката на единиците, градењето на капацитети и армиските вредности, придонесуваат Армијата да биде почитувана од сојузниците во Алијансата.

На свеченоста по повод произведувањето на нови 149 подофицери присуствуваа и началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски, како и државниот секретар во Министерството, Владимир Анчев.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...