spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Со форумот во заедницата Кочани доби забавно-рекреативен парк во ОУ „Малина...

Кочани: Со форумот во заедницата Кочани доби забавно-рекреативен парк во ОУ „Малина Попиванова“

Денеска во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани се одржа петтата, последователна и завршна сесија со граѓаните од Форумот во заедницата, со кој во Кочани беше реализиран проектот Забавно-рекреативен парк во ОУ „Малина Попиванова“.

На сесијата беше претставен процесот и текот на избирање на проектот низ четири форумски сесии и можноста за директно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво.

– Граѓаните на Општина Кочани низ форумските сесии имаа можност да зборуваат за приоритетните проблеми, сами да нудат приоритетни решенија и со поддршка на општинската администрација и на оперативниот тим да подготват предлог-проекти за кои гласаа самите учесници на форумот. Денес имаме видливи резултати кои ќе придонесат за подобар живот во заедницата – истакна Васка Драшковиќ, модератор на Форумот во заедницата.

Општина Кочани визуелно, пред учесниците на сесијата ја прикажа променетата состојба на теренот на училиштето, двор кој доби организирани содржини, спортски терени и хортикултурно уредување – наменети како за учениците така и за целата локална заедница. Исто така беше прикажан прогрес и на останатите проекти развиени преку Форумот во заедницата. Од нив во најнапредна фаза е реконструкцијата на кровот на објектот „Бамби“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“, чија реализација почнува од 1 јули.

На форумската сесија градоначалникот Николчо Илијев упати благодарност до УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка за вклученоста на граѓаните во процесот на донесување одлуки и за придонесот кон транспарентното и отчетно работење на општинската администрација и зголемувањето на довербата во локалната самоуправа.

Форумот во заедницата во Кочани е дел од Проектот за зајакнување на општинските совети, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации.

Извор: Општина Кочани

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...