Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи.
Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.
„Владата креира позитивни политики и затоа успеавме да постигнеме ефикасност на плаќање данок кон државата. Како влада се залагаме за поедноставни процедури, се со цел да изградиме силен и нераскинлив однос со нашите партнери, компаниите.
Успешната деловна соработка значи посилна економија и поквалитетен живот за граѓаните, бидејќи парите од даноците завршуваат во државната каса, а тие пари се на граѓаните.Минатата година, остваривме највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес.
Повратот на ДДВ за 2022 година, изнесува над 727 милиона евра, така дополнително ја поддржуваме ликвидноста и конкурентноста на компаниите.
Многу важно е дека го зголемивме и повратот на ДДВ за граѓаните и тоа од 1.800 денари на 2.100 денари по тромесечие“ изјави премиерот Ковачевски.
Компанијата „Виталиа“ постои 30 години и освен во призводство на здрава и специфична храна, инвестирала и во фотоволтаици.
Со моменталната поставеност на ситемот за генерирање електрична енергија, „Виталиа“ користејќи го сонцето обезбедува максимална ефикасност за исполнување на потребите за електрична енергија која се користи за производствените процеси, како и во останатите објекти во компанијата.
Директорката на Управата за јавни приходи, Лукаревска посочи дека компаниите како „Виталиа“, кои се дисциплинирани даночни обврзници се партнер на Владата во заедничко креирање политики.
„Така заедно придонесуваме кон подобра деловна клима, заедно се бориме против сивата економија и заедно создаваме имиџ за меѓусебна доверба и поврзаност.
Верувам дека за менаџерите во претходните, специфични години, беше предизвик да ги задржат работните места, но и да обезбедат пласман на производите и затоа од исклучителна важност е заедно, домаќински да придонесеме за побрзо надминување на предизвиците“, истакна Лукаревска.
Искра Ветаџокоска-Муцунска, управител и ко-сопственик на „Виталиа“ истакна дека 30 години компанијата вложува во know-how во производството на здрава храна и задоволувањето на потребите на потрошувачите.
30 години на напорна работа, труд и знаење, вложени во проучувањето на најквалитетните состојки и производство на здрава храна за сечиј вкус.
“Во 2022 ја започнавме „зелената иницијатива“, поставивме фотоволтаичен систем за генерирање електрична енергија, кој ни обезбеди значително подобра ефикасност, економичност и секако заштита на околината.
И во новата 2023 си поставивме амбициозни планови. „Виталиа“ ќе продолжи да биде hub за иновации во здравата храна, ќе ги соединиме технологијата и квалитетните состојки со експертско знаење и на тој начин дополнително ќе го диверзификуваме нашето портфолио.
Ќе се фокусираме и кон пазарите во развој – Африка како огромен потенцијал, каде веќе сме присутни во 8 држави, подигнувајќи го извозот на 80% застапеност во вкупната продажба.
Нашата цел е да го развиеме брендот и да помогнеме во градењето на култура на здраво живеење во сите 55 земји ширум светот каде брендот „Виталиа“ e денес застапен.
И секако и во следните години остануваме доследни на нашата мисија – со здрави производи да создаваме здрави генерации”, изјави Ветаџокоска- Муцунска.
Изјави од посетата на премиерот Димитар Ковачевски на компанијата „Виталиа“
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, денеска беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи.
Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.
Во продолжение изјавите од посетата во целост:
„ Ќе се навратам на минатата година, почетокот на 2023 година носи нови предизвици.
Искуството кое го добивме менаџирајќи 365 дена кои беа под сериозен удар на економска и енергетска криза, ни се поттик дека знаеме и можеме да застанеме во зашитита и на граѓаните и на стопанствениците и на компаниите и во наредните 365 дена.
Стратегиите и плановите на Владата која што ја предводам не се само букви на хартија. Не дозволивме во земјата да има недостаток на енергенси.
Овозможивме граѓаните да плаќаат пет пати поевтина цена за електрична енергија. Не дозволивме да има ладни училници, градинки, болници и други јавни установи.
Пензионерите и ранливите категории граѓани ги заштитивме, не ги ставивме пред свршен чин да мислат дали ќе треба да купат леб, да платат струја или да купат лекови, самохраните родители дали ќе имаат доволно пари да го преживеат месецот.
Владата во овие кризни и непредвидливи времиња застана позади работниците, позади работодавците и бизнис секторот.
За малите компании, цената на електричната енергија се намали за 20 проценти, значи за компании кои вработуваат 98 проценти од работниците во државата.
Со намалување на цената на струјата,овозможивме намалување на основните прехрамбени производи на нивната цена.
Подршката на компаниите во времиња полни со предизвици е од клучна важност.
Годинава очекуваме реален раст на БДП, уште поголема извозна активност, очекуваме целосно заздравување на економијата и забрзан раст којшто се базира на програмите на Владата за поддршка на компаниите, за поддршка на нивната иновативност, нивните инвестиции, како што овде се случува во „Виталиа“.
Компаниите се нашиот партнер, затоа и во време на најголема криза, им овозможуваме на компаниите да влезат во инвестициски процеси, а сето тоа доведува до забрзан економски раст на државата во услови на криза.
Денеска ми е драго што сме во посета на една нашите најуспешни компании во нашата држава.
„Виталиа“ годинава слави 30 години постоење. Кога прошетав низ погоните видов дека оваа компанија низ годините вложила многу во иновативноста и одржување на високо ниво на квалитет на своите производи.
Доколку не е тој висок квалитет на производите нивните производи сигурно не би можеле да бидат на рафтовите во земји на ЕУ.
Од Септември 2022, компанијата инвестирала и во фотоволтаичен систем за генерирање на електрична енергија и тоа со моќност од 410kw.
Што е уште еден показател за грижа и општествено одговорна команија.
Со моменталната поставеност на ситемот за генерирање електрична енергија, „Виталиа“ користејќи го сонцето обезбедува максимална ефикасност за исполнување на потребите за електрична енергија која се користи за производствените процеси, како и во останатите објекти во компанијата.
Со нивната инвестиција во обновливи извори на енергија реализирани во период 2021/22, вкупната потрошувачка на струја по единица производ ја намалиле за 30%.
„Виталиа“ е исто така наш голем даночен обврзник, оваа команија како и другите големи компании, имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата.
Овие комании се носители на раст на БДП во земјата, тие се креатори на голем број работни места и тие се носители на технолошкиот прогрес на државата.
Имав можност одблиску да се запознаам со сите иновации коишто тука се воведени, со сите нови роботизирани машини кои што се инсталираат што ќе доведе прво до зголемување на капацтетот, зголемување на квалитетот отворање на нови пазари и зголемување на извозот.
Тие се креатори на добриот економски и бизнис имиџ на Северна Македонија во странство.
Компанијата „Виталиа“, како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи.
Ваквите комании се одличен пример за даночен обврзник, кои редовно плаќаат плати на вработените, навремено подмируваат даночни обврски, ова е мотивација плус за нивните вработени да бидат поефикасни и поефективни во работењето.
Владата креира позитивни политики и затоа успеавме да постигнеме ефикасност, на плаќање данок кон државата. Како влада се залагаме за поедноставни процедури, се со цел да изградиме силен и нераскинлви однос со нашите партнери, команиите.
Успешната деловна соработка, значи посилна економија и поквалитетен живот за граѓаните, бидејќи парите од даноците завршуваат во државната каса, а тие пари се на граѓаните.
Владата застана во заштита на домаќинствата, граѓаните и стопанството.
Пакетите антикризни мерки и бројните субвенции за помош на граѓаните ги донесовме навреме благодарение на штедливиот и одговорен начин на работа.
Минатата година, остваривме највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес.
Повратот на ДДВ за 2022 година, изнесува над 727 милиона евра, така дополнително ја поддржуваме ликвидноста и конкурентноста.
Многу важно е дека го зголемивме и повратот на ДДВ за граѓаните и тоа од 1.800 денари на 2.100 денари по тромесечие.
Само за споредба, во мандатотна претходната Влада повратотза граѓанитеод ДДВ беше еднаков на 0. Денес 2100 денари.
Денеска ќе посетам уште една команија. Комапнијата „Галениус“ е мал даночен обврзник со 10 вработени, но е компанија со големо искуство во призводство на диететски и фарматцевтски производи.
Команијата го проширила својот бизнис на меѓународниот пазар и соработува со странски компании.
Користејќи ја ИПАРД Програмата, команијата го подигнала квалитетот и стандардите во нивното работење, но и конкурентноста на пазарите дома и во странство.
Оваа компанија е заштитно друштво,во кое има вработено лица со попреченост и затоа истата е ослободена од плаќање данок на добивка а добива и поврат на придонесите.
Ваквите законски можности, во пракса значат нивно поголемо вработување, нивна економска и социјална незавиност и стабилност.
На овие наши граѓани им помагаме да се вклучат на пазарот на трудот, од друга страна ова значи и стимулација за компаниите кои им овозможуваат на лицата со попреченост да стекнат соодветни вештини и вклучување во работниот процес.
Задоволни работници, успешни комании се нов напредок на државата.
Живееме во многу тешки времиња и да тешко е да се предвидат последиците со кои ќе се соочиме во годините што ни престојат, меѓутоа ако сме заедно, ако сме обединети, ако Владата ги извршува своите обврски така како што ги извршува, ако компаниите се однесуваат така како што се однесуваат компании како „Виталиа“, тогаш јас сум сигурен дека сите заедно ќе успееме да ја пребродиме и оваа криза.
Но, ние го направивме најважното ја одредивме насоката по која ќе се движиме и од таа насока нема отстапување.
Нашата политика е јасна, насочени сме кон економски развој на општеството, создаваме услови за отворање на нови работни места, помагаме и овозможуваме команиите да успеваат да растат дома и да бидат конкурентни на меѓународинте пазари во Европа и светот.
Сакам уште еднаш да се заблагодарам на домаќините, да им посакам многу здравје, многу успех и да ги реализираат сите инвестициски проекти кои ги имаат започнато.
Да отворат уште многу пазари, да вработат уште вработени, бидејќи „Виталиа“ во моментов има над 200 вработени и со тоа да придонесат и во развојот на компанијата и за развојот на државата.“
Извор: Влада