Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 101.0.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2022 година, во однос на декември
2021 година, бележи опаѓање од 4.3 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.4 %, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.4 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.7 % и Капитални производи за 11.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на
периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 99.1.
Преземи го соопштението во целост
Извор: Државен завод за статистика