spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторГрадски паркинг Скопје: Се прошируваат зонските паркиралишта во населбата Автокоманда

Градски паркинг Скопје: Се прошируваат зонските паркиралишта во населбата Автокоманда

На седницата на Совет на Општина Гази Баба, се донесе Предлог – Одлуката за регулирање на сообраќај во мирување и регулирање на наплата на комунална такса на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање – зонско на подрачјето на Општина Гази Баба.

Одлуката ќе се спроведе, односно ќе се пристапи кон реализација и имплементација на истата откако претпријатието ќе ја добие целата потребна документација.

Со проширувањето на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје во населба Автокоманда, ќе им се обезбеди  на граѓаните полесен пристап до паркинг простор, а со тоа и полесен проток на возилата во сообраќајот.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ќе продолжи да соработува со сите општини на ниво на градот, се’ со цел да им обезбеди достапни јавни паркиралишта на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: ЈП Градски паркинг Скопје

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...