spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба на Тосевски со Франгеш и Бјорнштад, специјални претставници за Западен...

МНР: Средба на Тосевски со Франгеш и Бјорнштад, специјални претставници за Западен Балкан

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Филип Тосевски реализираше средба со специјалните претставници за Западен Балкан на Република Словенија, амбасадорот Анжеј Франгеш и на Кралството Норвешка, амбасадорот Арне Санес Бјорнштад.

Во разговорите, беше изразено заемно задоволството од одличните односи и соработка на Република Северна Македонија со двете земји на билатерален план.

Исто така, државниот секретар Тосевски истакна дека двете земји се исклучително важни партнери на Република Северна Македонија, како за развивањето на капацитетите за остварување на надворешно-политичките приоритети, така и за спроведувањето на реформите, преку споделување на нивните искуства за унапредување на административните и законодавните капацитети на земјата.

Во овој контекст, го поздрави Меморандумот потпишан со Амбасадата на Кралството Норвешка со кој се предвидува норвешка експертска поддршка за Владата на Република Северна Македонија во спроведувањето на надворешните безбедносни политики, пристапните преговори за членство во ЕУ, регионалната соработка и доброто владеење, што е дополнителна потврда за одлучноста на Норвешка за поддршка на Република Северна Македонија во нејзините напори за зајакнување на институционалните капацитети.

Воедно, беше изразено задоволство од високото ниво на  политички дијалог со Република Словенија и благодарност за нејзиниот континуиран конструктивен пристап во остварувањето на нашите европски интеграции.

 

Во тој контекст, беа разменети мислења за перспективите и предизвиците во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон Европска Унија во претстојниот период.

На средбата, исто така, соговорниците беа запознати со приоритетите  во однос на нашето претседавање со ОБСЕ, со САД – Јадранската Повелба (А5) и со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), како и за актуелните состојби во Регионот во контекст на предизвиците кои ги создаде руската инвазија врз Украина.

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи       

Прочитајте

Мицкоски за „недела неработен ден“: Или сите да работат во недела...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање околу тоа кој е ставот...