spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКСССоработка со хрватските и црногорските синдикати за заштита на правата на сезонските...

Соработка со хрватските и црногорските синдикати за заштита на правата на сезонските и мигрантските работници

Синдикалните централи Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска (SSSH) и Унијата на слободни синдикати на Црна Гора (USSCG) потпишаа Меморандум за разбирање за трилатерална прекугранична соработка со цел заштита и унапредување на правата на сезонските и мигрантските работници во Хрватска, Црна Гора и Македонија.

 

Потпишувањето на Меморандумот е конкретизација и продолжување на долгогодишната соработка на синдикатите на регионално и меѓународно ниво, пред се во рамките на Регионалниот синдикален совет „Солидарност“, меѓу чии основачи се и овие три синдикални централи.

 

Иницијативата за потпишување на Меморандумот произлезе од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, водена од големиот одлив на работна сила од Македонија, особено на сезонските работници кои одат на работа во Црна Гора и Хрватска, главно во секторот туризам и угостителство. Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска (SSSH) и Унијата на слободни синдикати на Црна Гора (USSCG) свесни се за потребата од заштита на правата на мигрантите и сезонските работници, но исто така и за спречување на “дампингот” на работниците и социјалните права на нивните домашни работници, а во своето синдикално делување ги штитат интересите и на странските работници, како и на домашните работници испратени на работа во странство и на домашните сезонски работници. Со потпишување на Меморандумот, синдикатите потписнички дополнително се залагаат за унапредување и заштита на правата на мигрантите и сезонските работници.

 

Меморандумот за соработка има за цел да ја поттикне соработката меѓу синдикатите и да ги олесни односите и заедничкото делување за правата на работниците, а особено да ги олесни заедничките активности за заштита на работничките права на мигрантите и сезонските работници и да промовира достоинствени услови за работа и борба против “социјалниот дампинг” . Синдикатите ќе направат посебни напори за организирање и зачленување на сезонски работници и мигранти, со цел да им се обезбеди соодветна заштита на нивните права, вклучително и информации за правата и други информации релевантни за работата и престојот за време на сезонска / мигрантска работа во една од трите земји, преку обезбедување бесплатна правна помош за заштита на работничките права, што вклучува правно советување и судска заштита, како и медијација и посредување со работодавачите за сите прашања кои се важни за нивниот работно – правен и социјален статус, медијација со надлежните институции и воспоставување контакт со синдикатот од кој што доаѓаат.

Линк до целсниот текст на Меморандумот за разбирање

 

Извор: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, февруари 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година,...