Целосно е завршена реконструкцијата на улица „1600“ во општина Ѓорче Петров. Улицата е долга 850 метри и широка 4 метри и ја реконструиравме со сопствени средства. На ул.1600 има и доста индустриски капацитети со над 150 вработени кои со години се соочуваа со лоша инфраструктура.
Со луѓето кои работат на оваа улица средба оствари градоначалникот Александар Стојкоски на која тие изразија благодарност до општината за експедитивното постапување при решавањето на овој долгогодишен урбанистички проблем.
-Ги поздравија нашите заложби за брзо урбанизирање на општината. Проблемите на граѓаните се и наши проблеми. Се заложив и натаму чесно и домаќински да работиме во насока инфраструктурни решенија. И не само во полето на инфраструктурата, туку во сите сфери. Нашата општина мора да продолжи во насока на брз развој – рече Стојкоски.
Извор: Општина Ѓорче Петров