spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Во првите 7 општини по транспарентност

Велес: Во првите 7 општини по транспарентност

Општина Велес  повторно е помеѓу најтранспарентните институции во државата, истакна на денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски. Според резулатите на Индексот на активна транспарентност што го објавува „Центарот за граѓански комуникации“,  од вкупно 97 институции на државно и на локално ниво, Општина Велес е во првите седум заедно со Општина Кочани, во рангот на институциите со многу добра транспарентност.

„Се надевам дека ќе продолжиме да се одржуваме во овој највисок ранг на отворени и транспарентни институции во државата и дека ќе успееме и во иднина да бидеме пример за транспарентност и отчетност“, рече Коцевски.

Општина Велес е една од ретките општини која ги објавува  изводите од буџетската сметка, висината на платата  на Градоначалникот, преседателот  и членовите на советот.

„Секогаш имаме простор за уште подобри резултати и се надевам дека ќе продолжиме да работиме транспарентно и отчетно во интерес на сите граѓани“, додаде Коцевски.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...