spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваШаќири на прославата “30-години на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи...

Шаќири на прославата “30-години на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, учествуваше на прославата “30-години на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Северна Македонија.

Министерот Шаќири го отвори својот говор велејќи дека правото на Синдикално организирање е Уставно загарантирано, заради остварување на економски и социјални права на граѓаните.

“Министерството за информатичко општество и администрација и УПОЗ, како долгогодишни партнери, заедно работат на подобрување на правата на вработените, се со цел на професионална администрација”, рече меѓу другото Шаќири.

“Ми преставува особена чест да ви го честитам овој јубилеј, да ви посакам успешна работа во натамошниот период. Нашата соработка ќе биде дополнително продлабочена, со цел уште повеќе да ги подобриме правата на работниците“, го заврши својот говор, министерот Шаќири.”

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...