Општина Центар почнува со нова инвестиција од еден милион денари и по повеќе од 20 години ќе ја реконструира улицата „Светиниколска“ во Маџир Маало.
По барање на жителите, на површина од 1.400 м2 ќе бидат изведени градежни активности за рехабилитација на асфалтните коловозни површини, а жителите првпат ќе добијат реконструирана улица и нови инфраструктурни услови.
Минатата година општината ги реконструираше улиците „Петричка“, „Титовелешка“ и „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало, урбаната заедница и детското игралиште, а постави и нов летниковец за одмор и рекреација на жителите.
Апелираме до жителите на Маџир Маало да бидат внимателни во текот на следните денови поради изведбата на градежните активности што се планира да бидат завршени наредната недела.
Извор: Општина Центар