spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Потпишани барањата за реконструкции на уште 7 улици

Центар: Потпишани барањата за реконструкции на уште 7 улици

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги потпиша барањата за спроведување постапка за јавна набавка која се однесува на реконструкции на 7 општински улици.

Овие реконструкции се дел од големата летна градежна офанзива на Општина Центар, која на крајот на летото, односно почетокот на есента, предвидува да бидат обновени вкупно 37 улици во општината.

Барањата за реконструкција ги опфаќаат следните улици:

1. „Петар Поп Арсов“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 2959 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 591 метар)

2. „Рајко Жинзифов“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 2796 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 400 метри)

3. „Дебарца“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 1286 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 257 метри)

4. „Партизанска“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 632 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 180 метри)

5. „Ристо Шишков“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 2268 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 378 метри)

6. „Црвена Вода“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 1286 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 257 метри)

7. „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 1448 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 413 метри).

Со реконструкциите на овие 7 улици ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во општината, ќе се намали сообраќајниот метеж и ќе се зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите, корисниците на алтернативни средства за транспорт и останатите учесници во сообраќајот.

Општина Центар продолжува со интервенциите на уличната мрежа во летните месеци, со што крајната бројка за овој период, заклучно со почетокот на есента, ќе изнесува 37 обновени улици, а согласно планот за работа, наредни за реконструкција се улицата „Елисие Поповски –  Марко“ и улицата „Мирослав Крлежа“.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...