Доктор Игор Николов претседател на Републичката Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија, истакна дека доколку СДСМ сакаа да изградат Клинички центар тогаш ќе го изградиле тој што им го остави претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за која имало обезбедено и финансиски средства и проект.
Ако власта сакаше Клинички центар, требаше да го изгради тој што го остави ВМРО-ДПМНЕ
Прво едно да е јасно, минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која иницираше изградба на Клинички Центар, доби буџетирање од Европска банка по Развојна банка и проектот требаше да започне, беше расчистен теренот, старата клиника за Гинекологија и потребно беше да се работи. Доколку актуелната влада работеше и сакаше да направи Клинички центар ќе го направеше тој и сега ќе зборувавме за вториот Клинички центар каде ќе биде. Простор за компромис постои, но проблемот е во повеќе работи. Прво во финансирањето, второ во локацијата и трето во обезбедување на доволно персонал кој што таму ќе работи, вели Николов.
Не можеме да зборуваме дека станува збор за Закон за Клинички центар, погледнете го законот, станува збор за предлог закон со 9 точки кои што се обидува да го заобиколи или да го бајпасира Законот за јавни набавки, рече Николов.
На прашањето дека власта понудила опозицијата да го контролира процесот на изградба, и зошто ВМРО-ДПМНЕ не прифатила доктор Николов рече, дека тоа го нема во членот.
Го нема тоа во членот понудено, тоа го понудија преку порталите. За да се понуди нешто треба да го има на хартија, доколку го нема на хартија ќе се најдеме во истата ситуација како оние договори кои што ги потпишувавме па сега ни се обраќаат како космонаути, вели Николов.
Извор: ВМРО ДПМНЕ
Прочитајте
МЖСПП: Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и...
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и...