Освојувачката на бронзениот медал на Светското првенство во традиционално таеквондо во Астана, Казахстан, Христијана Парулеска беше на прием во Агенцијата за млади и спорт.
Парулеска е најдобрата континентална кадетка, со освоен златен медал на Европското првенство одржано годинава во Италија.
Парулеска на светското првенство , на кое земаа учество повеќе од 1000 натпреварувачи од 83 земји, го освои бронзениот медал во борби во јуниорска конкуренција во спаринг -борби, јуниорки 14-15 години.
Таа оствари победи над претставничките од Русија и Канада, додека во 1/2 финале против Грција, иако водеше 4-1, мораше да ја предаде поради повредата од 1/4 финале, а со тоа и избега златото.
Македонската репрезентација на СП настапи со тројца натпреварувачи во две дисциплини: форми (борби со замислен противник) и спаринг борби.
Давид Крстески го освои 5-то место во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан, победувајќи ги претставниците од Хондурас и Бугарија .
Елена Јанеска заврши петта во спаринг-борби јуниорки 16-17 години, победувајќи ја претставничката од Узбекистан , додека во 1/4 финале беше оштетена од страна на судиите, во корист на претставничката од Русија, која беше прва во нивната категорија .