spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииПочнуваме со активност врата до врата

Почнуваме со активност врата до врата

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

 

СДСМ, како водечка партија во земјава, во континуитет е со граѓаните, заедно гради мерки и политики кои водат напред.

 

Од денеска започнуваме со нова фаза на интензивните теренски активности, СДСМ оди од врата до врата, пред домовите на нашите сограѓани.

 

Тимови во секоја општинска организација, партиски функционери и членови ќе го посетат секој дом, секое семејство, да разговараме за сработеното но, и да ги слушнеме нивните потреби.

 

Заеднички, со граѓаните ја креираме најдобрата програмската понуда на СДСМ за локалните избори.

 

Понуда за граѓаните, која ќе го унапреди квалитетот на живот во секое населено место, во секоја општина.

 

Предлозите, коментарите и барањата, кои ги добиваме на маалските и урбани средби, на граѓанските трибини, на средбите со целни групи, веќе ги систематизираме и анализираме.

 

На ист начин ќе постапиме и со предлозите кои ќе стигнат преку проектот од врата до врата.

 

Се комплетира составот на Комисиите на СДСМ и за овие избори ќе имаат сериозна улога во градењето на програмската понуда, во креирањето на мерки и политики во соодветните области.

 

Така ние знаеме и можеме во СДСМ, силно на терен заедно со граѓаните на секое населено место.

 

За неполн месец, одржавме над 750 маалски и урбани средби, одржавме 12 големи граѓански трибини, силно сме присутни меѓу граѓаните во секоја општина, во секоја населба, во секоја улица.

 

Пред граѓаните настапуваме и со отчет за досега сработеното и имаме полно право да го правиме тоа затоа што покажавме дека за нас зборот е збор.

 

Досега се реализирани над 70 отсто од програмите на општините, реализирани се над 7.000 проекти на централно и локално ниво, податоци кои говорат за посветноста и ангажираноста на централната и локалната власт предводени од СДСМ.

 

Тоа го носи најдоброто, подобар живот во секое населено место, концепт што води кон развој и интеграција.

 

А граѓаните го заслужуваат само најдоброто.

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...