spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваГо реформираме системот за кризен менаџмент кој ќе ги вклучи и доброволните...

Го реформираме системот за кризен менаџмент кој ќе ги вклучи и доброволните противпожарни друштва

Местото и улогата на доброволните противпожарни друштва и нивниот развој во една силна, стабилна и одржлива мрежа чија цел е да го унапредат системот за кризен менаџмент е темата на која говореше министерката за одбрана Славјанка Петровска на затворањето на конференцијата за развој на мрежа на доброволни противпожарни друштва во Северна Македонија.

Министерката Петровска посочи дека пожарникарите – доброволци се повеќе од хумани, храбри и несебични и дека борбата со природните непогоди, вклучувајќи ги и пожарите е можна само ако сме заедно, добро координирани и подготвени.

„Секој сам, колку и да е способен како поединец, во такви ситуации може да направи многу малку, но сите заедно, со добра координација и подготовка, можеме да спасиме човечки животи, да спречиме материјална штета или да превенираме поголема еколошка катастрофа. Вие дури и во овие денови кога се подготвувавте за конференцијата бевте да гаснете пожари во околината на Велес и Свети Николе и благодарение на брзата реакција беше спречено нивно проширување и поголема катастрофа“, рече министерката.

Петровска посочи дека еден од приоритетите на Министерството е и реформата на системот за кризен менаџмент и цивилна заштита, со која ќе бидат надминати сите слабости и  доброволните противпожарни друштва ќе го добијат статусот што го заслужуваат.

„Една од моите најсериозни заложби како министерка е и реформата на системот за кризен менаџмент и цивилна заштита, а една од целите на реформата е токму доброволните противпожарни друштва, доброволните друштва вклучени во цивилната заштита и управувањето со кризи,  да бидат препознаени и потпомогнати од системот, како двигатели на цивилната заштита и најдобри познавачи на своите локални заедници“, подвлече министерката.

На конференцијата беа споделени позитивни практики од Австрија, Словенија и Хрватска во доменот на правните можности и местото и улогата на доброволните противпожарни друштва во системот на локална и централна противпожарна заштита.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...