spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Северна Македонија со највисока оценка од ЕК за спроведените реформи од...

МФ: Северна Македонија со највисока оценка од ЕК за спроведените реформи од ПЕР

Континуиран одговор со фискални, економски и социјални политики со цел ублажување на последиците од пандемијата и поттикнување на закрепнувањето на среден рок се главните препораки од Програмата за економски реформи 2021-2023 година, заеднички усвоени со Европската Унија, а на чија реализација заеднички ќе работиме со надлежните министри и директори на институции. Европската комисија ja оцени РС Македонија со највисок резултат од 61,1% реализирани заеднички заклучоци усвоени во мај 2020 година, во споредба со другите земји од Западен Балкан и Турција. Тоа е највисок резултат постигнат од почетокот на процесот на подготовка на програмите за економски реформи.

Ова го истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на прес-конференцијата на која ги презентираше усвоените заклучоци врз основа на Програмата за економски реформи за 2021 – 2023 година којашто првпат содржи проекции надвор од тригодишниот план и со која се предвидува растот да достигне 5,9 проценти во 2025 година, при што просечниот раст на годишно ниво во периодот 2021-2025 да изнесува 5,3 проценти.

– Во сферата на макрофискалните политики, препораките се да има таргетирани привремени мерки за поддршка на ранливи домаќинства и бизниси, проследени со постепена фискална консолидација, додека во сферата на структурните реформи, насоките се фокусираат на натамошно зајакнување на бизнис климата, зајакнување на средното стручно образование и обуката, и на поголем пристап на невработените лица до активните политики на пазарот на трудот – истакна министерот за финансии.

Додавајќи дека во услови на периодични бранови на пандемија, огромен предизвик за нашата и економиите од земјите од регионот е повторно да тргнат по патот на закрепнување и раст, рече дека треба да бидеме многу внимателни да не ја прекинуваме поддршката нагло, туку постепено и насочено.

 Преку разни економски мерки таа продолжува во текот на 2021 година. Два пакета-мерки веќе се усвоени од Владата и се предвидени во ребалансот на Буџетот што е во собраниска процедура, а се насочени кон ублажување на ефектите од пандемијата врз најранливите категории и поддршка на побрзо закрепнување на домашната економија – рече министерот.

Министерот Бесими наведе дека ќе се работи на зајакнување на управувањето со јавните инвестиции, останува поддршката на економијата со јавни инвестиции со редизајн на структурата на јавните финансии преку зголемување на учеството на капиталните расходи, подобрување на наплатата на приходите, ќе се усвои нов Закон за јавно приватно партнерство, чиј нацрт е изработен и за кој се одржаа консултации и ќе се обезбеди негово ефикасно спроведување. Со новиот Закон за буџети ќе се воспостави Фискален совет, а се работи и на софтверско решение за воспоставување регистар на државна помош со цел подобрување на транспарентноста и процената на субвенциите за компаниите.

Потенцира дека ќе се работи и на одржување регулаторна рамка за стабилен финансиски сектор во согласност со меѓународните најдобри практики и најдобрите практики на ЕУ, продолжување на консултациите со деловните субјекти и социјалните партнери за новото законодавство што влијае на нивното работење, дигитализација на јавните услуги за граѓаните и фирмите, спроведување на стратегијата за формализирање на неформалната економија.

Надлежните институции ќе работат и на користење на списокот на мапирани парафискални давачки со цел да ги објасни јавните услуги што се обезбедуваат преку приходи од давачки коишто ги плаќаат физички лица и да ги идентификува оние што треба да се отстранат, ремоделираат или поедностават.

Во насока на намалување на неформалната економија ќе се преземат механизми за поттикнување на регистрираните економски активности и трансакции, со фокус на секторите каде што има најголема веројатност за непријавена работа.

Ќе се развие и нова формула за финансирање на системот за стручно и за високо образование, со акцент на функционирањето на регионалните центри за стручно образование.

– Не може да го удвоиме економскиот раст доколку немаме соодветни човечки ресурси што ќе одговорат на барањата на пазарот на труд, рече министерот и додаде дека ќе се зајакне пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливите категории, потенцираше министерот Бесими.

Оцени дека реформите содржани во Програмата за економски реформи ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на економијата, забрзување на економскиот раст и зголемување на потенцијалот за раст, работни места и намалување на невработеноста.

Програмата на економски реформи е најважниот стратешки документ во економскиот дијалог со Европската комисија и државите членки на ЕУ, чија изработка ја координира Министерството за финансии. Документот се изработува секоја година и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на државите членки на ЕУ, односно за вклучување во процесот на европскиот семестар за координација на економските политики во ЕУ со цел спроведување на клучните реформски процеси во земјава, коишто ќе го интензивираат дијалогот со Европската Унија.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...