spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алиу - Слободата на изразување е темелна вредност на демократијата

МИОА: Министерот Алиу – Слободата на изразување е темелна вредност на демократијата

Клучните предизвици во обезбедувањето конкурентност, одржливост и плурализам,  унапредување на социјалниот и економскиот статус на новинарите, како  и реформа на медиумската политика и законите, се меѓу темите за кои што се дискутира на работилницата за медиумски реформи: ,,Кон одржлив, разновиден и безбеден медиумски сектор: поддршка на демократијата и плурализмот и во служба на граѓаните“.

 

 

Организатори на дводневната работилница се Министерството за информатичко општество и администрација, Делегацијата на Европската унија, и членовите на конзорциумот што го имплементира проектот “ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди”.

 

„Слободата на изразување е основна вредност на демократијата и човековите права. Европската Унија има важна улога во промоцијата и заштитата на слободата на изразување во земјите кандидати и во регионот на Западен Балкан, вклучително и во Северна Македонија“, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во своето воведно обраќање.

 

Тој  нагласи дека МИОА со поддршка на ЕУ, работи напорно во подобрувањето и зајакнувањето на слободата и транспарентноста на медиумите.

 

„Во нашата земја, ЕУ помогна во дизајнирањето и спроведувањето на реформите насочени кон подобрување на слободата на изразување и условите за новинарите, медиумите и граѓанското општество. За нас како МИОА приоритет е независноста на медиумите, транспарентноста во сопственоста на медиумите, како и борбата против злоупотребата на моќните позиции во јавните и приватните медиуми. ЕУ ни помогна во оваа насока преку промовирање на законодавството и безбедносната клима која ја гарантира слободата и безбедноста на новинарите и активистите. Слободата на изразување е еден од важните критериуми за процесот на членство во ЕУ. За остварување на европската перспектива, ние како Влада работиме напорно за зајакнување на слободата на изразување и почитување на меѓународните и европските стандарди на ова област“, заклучи министерот Алиу.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...