Делегацијата од Косово во состав: Славиша Младеновиќ, комесар на Канцеларијата за јазици, Ментор Боровци, директор на канцеларијата за правни работи, Арта Плана, координатор за комуникација, Сафете Грајчевци, координатор за обезбедување применливост, Агрон Гаши, координатор, канцеларија за правни работи, Шабан Адеми, директор на Канцеларијата за буџет и финансии, Неџмие Џани, раководител за човечки ресурси, Ќефсере Балиу, раководител за буџет и финансии, Џавит Булиќи, правен референт, реализираа работна посета на АПЈ.
Делегацијата беше пречекана од директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Ардиан Муслиу, кој зборуваше за Агенцијата и за унапредувањето на примената на јазикот во РСМ. Првиот ден колегите од Косово беа информирани од претставници на АПЈ за целиот циклус на процесот на преведување. Протоколот продолжи со информирање на раководителите на секторите за планирање и развој во АПЈ, Шпреса Зеќири-Ибрахими и Маријан Патлиџановски, кои го објаснија начинот на работа и формирање на Агенцијата. Притоа Славиша Младеновиќ од Косово рече: Дојдовме овде да го видиме начинот на кој се спроведува двојазичноста, за полесно да се изгради слична институција во Косово.
Првиот ден од посетата заврши со потпишување Меморандум за билатерална соработка меѓу директорот на АПЈ, Ардиан Муслиу и претседавачот на делегацијата од Косово, Славиша Младеновиќ. Вториот ден од студиската посета на Делегацијата од Косово го водеше државниот советник Неби Билали, кој зборуваше за активностите на Секторот за превод и лекторирање. Потоа, Јетон Сулејмани, државен советник за соработка со Владата и односи со јавноста, Теута Хисени, помошник-раководител на Секторот за превод и лекторирање, Ахмет Селмани, државен советник за јазично уредување, го презентираа работниот процес во нивните сектори. Дискусиите продолжија со прашања и одговори меѓу присутните. Потоа Делегацијата ја продолжи посетата на Инспекторатот за употреба на јазиците.
Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните