spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedАПЈ: Продолжува соработката со УТ

АПЈ: Продолжува соработката со УТ

Директорот на АПЈ, Ардиан Муслиу, придружуван од неговите колеги, на покана од деканот на Филолошкиот факултет при УТ, проф. д-р Бертон Сулејмани оствари работна средба со проректорот за меѓународна соработка, проф. д-р. Салајдин Салиу и проф. д-р Измит Дурмиши.

Деканот на Филолошкиот факултет, проф. Бертон Сулејмани, во оваа прилика, го извести директорот за акредитацијата на новата студиска програма на УТ, Јазично уредување, во вториот циклус на студии, дека ова е уште една можност за сите заинтересирани за специјализација во областа на јазично уредување.

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Ардиан Муслиу, изрази благодарност за благородната работа што ја прави Универзитетот во Тетово, поточно Филолошкиот факултет, нагласувајќи дека оваа нова студиска програма од областа на јазично уредување, ќе ги ублажи јазичните недостатоци во институциите, во отсуство на специјализирани лектори. Директорот Муслиу покажа подготвеност да ги отвори вратите на АПЈ за сите студенти од оваа студиска програма за пракса во институцијата, имајќи го предвид фактот дека АПЈ претходно има потпишано меморандум за соработка со Универзитетот на Тетово.

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните 

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...