spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Спортот учи на дисциплина, упорност, издржливост и тимска работа,...

МОН: Шаќири – Спортот учи на дисциплина, упорност, издржливост и тимска работа, сите да вложиме во иднина каде спортот ќе поттикнува позитивни промени во општеството

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири се обрати на отворањето на 2.Спортски самит, нагласувајќи ја важноста на спортот во квалитетното образование.

  „Дисциплината, тимската работа, упорноста и издржливоста се способности што имаат суштинско значење за успех на поединецот во животот. Токму спортувањето од најрана возраст ги развива овие вредности, а истовремено придонесува за одржување на добро физичко и ментално здравје. Спортот ги надминува границите, ги обединува заедниците и ги инспирира младите. Затоа предметот Физичко и здравствено образование е задолжителен наставен предмет во основното и средното образование“, рече министерот Шаќири.

За практикување на спортските активности, изградени се повеќе од 100 од проектните 145 спортски сали, што се целосно опремени за повеќе спортови. Нив не ги користат само учениците, туку и граѓаните и професионалните спортски здруженија.

Осврнувајќи се на значењето на Спортскиот самит, што во организација на Геостратешкиот институт „Глобал“ се одржува по втор пат, министерот Шаќири укажа дека како општество имаме потреба од конкретни и применливи решенија за надминување на бројните предизвици поврзани со спортот, и во оваа смисла, Спортскиот самит 2023 е добра можност уште еднаш да размислиме за постоечките спортски политики и да слушнеме иновативни пристапи за обликување на иднината, од спортски аспект.

„Развиените спортски нации интензивно работат на откривање и негување таленти, поттикнуваат учество и обезбедуваат еднакви можности за сите, без разлика на пол, возраст или потекло. Во свет што го водат високите технологии и иновациите, тие треба да бидат широко применети и во спортот“, кажа министерот, додавајќи дека потребно е надградување на соработката меѓу владините тела, спортските организации и бизнисот, доколку сакаме врвни спортски резултати.

„Како заедница, треба да обезбедиме интегритет и кредибилитет на спортските настани, за што лично верувам дека имаме сили“, рече Шаќири, потенцирајќи дека сите во рамки на своите надлежности треба да вложиме напори и да изградиме иднина каде спортот ќе биде одраз и поттик на позитивни промени во општеството.

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте