spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Постигнувањето на глобалната цел од Договорот од Париз, предизвик и можност...

МЖСПП: Постигнувањето на глобалната цел од Договорот од Париз, предизвик и можност за понискојаглероден раст и развој

Во пресрет на претојната 28та Конфернција на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, која ќе се одржи во Дубаи во декември 2023 година, денес се одржа состанок со постојаната координаторка на ООН за Република Северна Македонија, Росана Дуџак.

На средбата министерката Шукова информираше за активностите и очекувањата од претстојната Конференција, упатувајќи благодарност до ООН за сите поддржувачки активности во спроведувањето на обврските кон Конвенцијата и останатите пошироки активности кои се спроведуваат во партнерство со ООН, а се во насока на поддршка на целите на Конвенцијата во делот на управувањето со водните ресурси, земјоделието, биолошката разновидност и намалувањето на опустинувањето.

Заеднички се оцени досегашната соработка како многу успешна и се изрази подготвеност од двете страни истата да продолжи и унапреди во областите од заеднички интерес, како што е одржливото управување со Охридскиот крајбрежен регион.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...