spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Мојата главна грижа е фондот да биде стабилен, целта...

МТСП: Тренчевска – Мојата главна грижа е фондот да биде стабилен, целта е секој пензионер да ја добие пензијата навремено и редовно

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на утринската емисија на телевизија Алфа зборуваше за покачувањето на пензиите согласно новата методологија за раст на пензиите и за финансиската поддршка од изминатиот период за најранливата категорија на пензионери.

 

„Во моментот 13 200 денари е најниската пензија. До септември оваа година имаме покачување од 24%, додека во изминатиот период согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани беше исплатена материјална поддршка за 4 месеци од 1500 денари за пензиите од 11.525 денари и по 750 за пензиите од 11.526 до 14.000 денари“, рече Тренчевска.

Во однос на прашањата за барањата на пензионерите министерката посочи дека јавноста и дел од пензионерите со повисоки примања не треба да ја злоупотребуваат ранливоста на пензионерите со најниски пензии за политички поени.

За време на утринската емисија беше отворена и темата за правата од социјална заштита и начинот на кој што граѓаните ги остваруваат правата.

„Заедно со Светска Банка работиме на нов софтвер интероперабилност кој ќе служи за полесно прибирањето на документацијата. Ова особено ќе биде значајно за најранливите категории на граѓани, со овој софтвер ќе можеме да ги влечиме информациите по службен пат и со тоа ќе се поедностави начинот на добивање на правата“, истакна Тренчевска.

Министерката објасни дека софтверот ќе придонесе кон превенирање на злоупотреба на добивање на правата од социјална заштита и воедно ќе им го олесни пристапот на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МП: Прва јавна расправа за Предлог законот за кривична постапка

0
Министерството за правда во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа-Мисија во Скопје, ја организираше првата јавна расправа за подрачјата на Апелационите...