Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денес оствари средба со новоназначениот регионален директор на Француската Агенција за развој, Арно Дофен, со кој разговараа за можностите за професионална соработка меѓу двете институции во делот на заштита на животната средина.
Заменик министерката ги претстави најзначајните тековни проекти на Министерството за животна средина и просторно плaнирање и предизвиците со кои се соочуваме во заштитата на животната средина, со посебен фокус на секторите отпад и води. Разговараа и за плановите за нови активности, приоритети и потреби на МЖСПП во идниот период, во кои свој придонес може да даде Француската Агенција за развој.
Соговорниците се согласија дека развивањето на добра соработка и продолжување на поддршката што Франција и ја дава на нашата држава претставува добра основа за поефикасно управување со животната средина, заштита на здравјето на луѓето и рационално искористување на природните ресурси во нашата држава, како и зголемена доверба меѓу двете држави.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање