spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на бројот на работниците во индустријата, септември 2023 година

ДЗС: Индекси на бројот на работниците во индустријата, септември 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 102.4.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2023 година, во однос на септември
2022 година, бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.1 %, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.1 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2023 година, во однос на
септември 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 15.7 %, опаѓање бележи кај Енергија за 4.3 %,
Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %, додека
кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на
периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 101.1.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...