spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаГенералниот секретар Димовски оствари билатерална средба со шефот на администрацијата на Владата...

Генералниот секретар Димовски оствари билатерална средба со шефот на администрацијата на Владата на Грузија, Revaz Jevelidze

Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, Методија Димовски, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, учествуваше на конференцијата за промоција на „Принципите на јавна администрација“ во Париз, Франција.

Настанот го организираше СИГМА, како форум на земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската Унија, со цел да се даде нов поттик на тековните реформи на јавното управување што ќе помогне да се забрза економскиот развој и подобрување на благосостојбата на граѓаните.

На маргините на конференцијата, генералниот секретар Димовски оствари средба со Revaz Jevelidze, шеф на администрацијата на Владата на Грузија.

Се разговараше за приоритетите и посветеноста на Владата на Грузија кон реформата на јавната администрација со поддршка на Европската Унијаво согласност со стандардите на OECD/SIGMA и забележителниот успех на Владата на Република Северна Македонија во спроведувањето на длабинските реформи во областа на јавната администрација.

На средбата генералниот секретар даде посебен осврт на искуствата на Република Северна Македонија во процесот за евроинтеграција од аспект на напредокот на државната служба.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...