Денешната слика од паднатото дрво на улица „Орце Николов“ кај Соборниот храм во Општина Центар е само доказ за потенцијалната опасност од старите, болни и оштетени дрвја што може да предизвикаат последици и штети по граѓаните и учесниците во сообраќајот.
„Паднатото дрво на ‘Орце Николов’ е доказ дека одредени дрвја претставуваат опасност и при мало невреме, како што се случи викендов во Скопје. Дрвото, кое навидум било здраво, очигледно имало оштетени корени и претставувало опасност како дрвјата за кои беше издадено решение за отстранување во втората фаза од реконструкцијата на ‘Орце Николов’. Акциите што ги спроведовме во изминатиот период за отстранување на осум дрва од оваа улица се само потврда дека нашите заложби се во интерес на жителите и нивната безбедност. Добро е што денешниот настан не го загрози животот на граѓаните и не е предизвикана материјална штета“, изјави Богдановиќ.
Општина Центар останува на ставот дека старите дрвја треба да бидат отстранети во согласност со анализите на надлежните институции и да бидат заменети со нови висококвалитетни садници. Како локална самоуправа Општина Центар продолжува да работи посветено на зачувувањето на животната средина, одржувањето и обновувањето на јавното зеленило за зелен Центар.
Извор: Општина Центар