spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаКичево: Дваесет години еднојазичност и самоволие на ДУИ

Кичево: Дваесет години еднојазичност и самоволие на ДУИ

Целата територија на Западна Македонија е одраз на насилието и безвластието на ДУИ, кои спротивно на Уставот и со најексплицитно деградирање на државните симболи, воведуваат еднојазичност.

Владата на СДСМ е слеп извршител на најшовинистичките апетити на криминалната ДУИ, додека јавна тајна е дека за локалните избори, локалните раководства на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ агитираа за победа на актуелниот градоначалник од ДУИ, Фатмир Дехари. Токму од таму, извира и молкот од овие партии по разнебитувањето на македонските национални интереси и постулати.

Дивеењето, криминалите и насилието кое секојдневно го спроведува ДУИ е директна последица на ситнопартиските интереси за коалиционен партнер од страна на таканаречениот македонски партиски блок.

Извор: Левица

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...