spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Економско – финансискиот дијалог со ЕУ поврзан со ПЕР

МФ: Економско – финансискиот дијалог со ЕУ поврзан со ПЕР

Министерството за финансии ги започна активностите за реализација на заедничките заклучоци од Економско – финансискиот дијалог со Европската Унија поврзан со Програмата на економски реформи. Министерот за финансии, Фатмир Бесими завчера одржа состанок со надлежните министерства, агенции и фондови, вклучени во овој процес, со кои се разговараше за конкретните активности што ќе се преземат во наредниот период во насока на реализација на приоритетите од овој најважен стратешки документ во економскиот дијалог со ЕК и државите членки на ЕУ.

Главните препораки од дијалогот се усвоени на 12-ти овој месец. Тие се насочени кон континуиран одговор со фискални, економски и социјални политики за ублажување на последиците од пандемијата и поттикнување на закрепнувањето на среден рок.

Република Северна Македонија беше оценета од Европската комисија со највисок резултат од 61,1 процент реализирани заеднички заклучоци усвоени во мај 2020 година, споредено со другите земји од Западен Балкан.

Овие заклучоци се состојат од заеднички усвоени препораки со цел да им помогнат на земјите опфатени со проширувањето на ЕУ да го зајакнат економскиот и социјалниот развој.

Шесте заклучоци се фокусираат на континуиран одговор со фискални, економски и социјални политики за ублажување на последиците од пандемијата и за поттикнување закрепнување на среден рок. Во сферата на макрофискалните политики, препораките се да има таргетирани привремени мерки за поддршка на ранливи домаќинства и бизниси, проследени со постепена фискална консолидација, додека во сферата на структурните реформи, насоките се фокусираат на натамошно зајакнување на бизнис-климата, зајакнување на средното стручно образование и обуката, и на поголем пристап на невработените лица до активните политики на пазарот на трудот.

Документот се изработува секоја година и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на државите членки на ЕУ со цел спроведување на клучните реформски процеси во земјава, коишто ќе го интензивираат дијалогот со Европската Унија.

Со ова започнуваат подготовките за Програмата на економски реформи 2022-2024 година.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...