spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПремиерот Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на двајца министри и...

Премиерот Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на двајца министри и именување нови

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, достави допис до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација.

Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

Извор: Влада

Прочитајте