Со цел поголемо професионално работење, за што министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу особено се залага, денеска на вработените во МИОА им беа доделени нови лаптопи.
,,Aдминистрација во служба на граѓанинот и создавање услови за реформирање и трансформирање на јавната администрација е наш приоритет. Jас сакам, и како министер давам сѐ од себе за да ги подобрам условите за вработените во МИОА. 100 нови лаптопи и 100 Full HD монитори, е најновата инвестиција за вработените во оваа институција“, истакна министерот Алиу.
Министерот изрази надеж дека ваквите позитивни практики ќе продолжат, со оглед дека станува збор за основни алатки за работа кои се неопходни во насока на поквалитетни услуги, олеснување на работата и прилагодување на стандардите во администрацијата како вистински сервис на граѓаните.
Воедно, тој им се заблагодари на сите колеги, вработени во МИОА, за нивната напорна работа, исклучителна посветеност и професионалност во административната служба.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација