spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Одржана конститутивната седница на Советот за мониторинг и координација на АСАРД...

МЗШВ: Одржана конститутивната седница на Советот за мониторинг и координација на АСАРД и АКИС во присуство на сите членови на стручното тело

Одржана е конститутивната седница на Советот за мониторинг и координација на АСАРД и АКИС во присуство на сите членови на стручното тело.

Согласно новиот Закон за Советодавен систем во земјоделтвото, министерот за земјоделство го формира Советот во состав од 28 претставници од повеќе институции, научни установи, факултети, стопанските комори и здруженија на земјоделци. 

Советот има мандат од четири години и има задача да:

• дава препораки и предлози до министерот за развој, управување, координација и надзор над АСАРД и АКИС;

• дава  препораки до министерот за планирање и финансирање на АСАРД и АКИС;

• ги разгледува извештаите од мониторингот и евалуацијата за проценка на напредокот во спроведувањето на стратегиите, програмите и работните планови на Министерството во однос на управувањето на АСАРД и спроведувањето на АКИС;

• дава предлози и препораки до министерот за нацрт-прописи, меѓународни договори и други акти поврзани со АСАРД и АКИС;

• дава препораки за развој на наставни програми за стручно образование и обуки за советници;

• дава препораки за развој на програми за обука наменети за земјоделските стопанства и другите физички и правни лица кои се занимаваат со земјоделско производство и преработка на земјоделски производи и неземјоделските претпријатија кои ги вршат своите дејности во руралните средини и

• врши и други задачи и активности за подобрување на управувањето, координацијата и спроведувањето на АСАРД и АКИС, по барање на министерот. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство зема сериозен пристап во имплементацијата на новиот совветодавен систем со сите елементи кои произлегуваат од него, во интерес на земјоделците и сите рурални заедници.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...