spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Проширена туристичката понуда од Битола преку Преспа до Корча

Битола: Проширена туристичката понуда од Битола преку Преспа до Корча

„Со реконструкцијата на Римскиот пат што води од Битола кон античкиот локалитет Хераклеа Линкестис, ги приближуваме вредните историски локалитети поблиску до граѓаните и туристите и ја зајакнуваме прекуграничната соработка во регионот кој долгорочно има за цел да го зголеми квалитетот на туристичката понуда со поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча.

Радува фактот прекуграничната соработка продолжува и понатаму и за таа цел се развиени уште 5 туристички пакети за регионот Пелагонија-Корча, кои се во фаза на подготовка за промоција. Сите тие, и другите слични проекти, се значаен придонес за заживувањето на овој регион кој има многу скриени убавини кои туристите сé уште ги немаат откриено“, истакна премиерот Заев за време на неговата работна посета на археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис по повод завршните работи на таканаречениот Римски пат.

На настанот учествуваа и шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Дејвид Гир, министерката за култура, Ирена Стефоска, и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Градоначалничката Наташа Петровска нагласи дека Општина Битола како водечки партнер во проектот Смарт-кул-тур, ја спроведува активноста за реконструкција на пристапниот пат т.н. Римски Пат до Хераклеа со што со затвора круг кој опфаќа неколку значајни проекти за зголемување на туристичката понуда.

„Влегувајќи во градот од јужната страна, ја имаме Хераклеа, а веднаш по шеталиштето е сместен и бисерот, гордоста на градот – Офицерскиот дом. Движејќи се по Широк Сокак, го имаме и киното Манаки и туристичкиот инфо центар, кој точно ќе ги понуди битолските стари, архитектонски бисери на сите посетители. Дополнително, сите главни пунктови на Широк Сокак, се покриени со ви-фи мрежа, а на позначајните објекти поставени се QR кодови, преку кои секој посетител ќе добие информација за каков историски значен објект станува збор“, истакна градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир потенцираше дека поддршката од ЕУ за Хераклеа е дел од проектот за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, во вкупен износ од 12 милиони евра.

„За нас локалитетот Хераклеа не е само дел од културното наследство на оваа земја – тој е дел од европското културно наследство, тој му припаѓа на целиот човечки род. Се надеваме дека нашата поддршка ќе им овозможи на што е можно повеќе луѓе да го посетат локалитетот Хераклеа и дека лекциите што можеме од него да ги научиме за нашата меѓусебна поврзаност, за културата и идентитетот ќе ни помогнат заедно да ја одредиме нашата иднина“, рече амбасадорот Гир.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...