spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Велковски - Нов Дневен центар за лица со интелектуална и телесна...

МТСП: Велковски – Нов Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во Кавадарци од над 40 милиони денари

Општина Кавадарци ќе добие нов Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост, проект финансиран од министерството за труд и социјална политика во вредност од над 40 милиони денари. Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски изјави дека стариот дневен центар којшто бил отворен во 2005 година, моментално згрижува 15 лица во многу лоши и нехумани услови.

„По 19 години, односно од 2005 година кога бил отворен, ќе добиеме сосема нов и модерен дневен центар и овие дечиња и лица ќе имаат прилика да го користат и бидат згрижени според највисоки стандарди и методологии да работат во истиот. Министерството за труд и социјална политика го склучи договорот кој што е во вредност од 40 милиони денари за истиот проект којшто бил направен претходно од страна на општината. Се надевам дека со забрзано темпо ќе се одвиваат работите токму на овој објект за што е можно поскоро да биде отворен и семејствата да бидат вклучени во овој центар каде децата и лицата ќе можат да се развиваат“, изјави министерот Велковски.

Дневниот центар за интелектуална и телесна попреченост во Кавадарци ќе располага со капацитет од 40 корисници, проект инициран од градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Велковски ја поздрави оваа иницијатива, порачувајќи дека ваквите иницијативи и во иднина ќе бидат прифаќани од министерството за труд и социјална политика кое максимално ќе вложува во делот на социјална и детска заштита како во Кавадарци, така и во другите општини ширум државата.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...