spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Меморандум за соработка со Управа за финансиска полиција

ДКСК: Меморандум за соработка со Управа за финансиска полиција

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска и директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов  во присуство на членовите на ДКСК и менаџментот на  Управата, потпишаа меморандум за соработка.

Со овој меморандум  се дефинираат областите и начинот на соработка во насока на искористување на расположивото знаење и искуство, во сите области во кои постојат кадровски и други потенцијали што можат да бидат искористени за унапредување на меѓусебната соработка заради постигнување на заеднички цели и интереси. Со Меморандумот се превдидува зајакнување на соработката меѓу двете институции преку навремена, непосредна и взаемна комуникација, која ќе обезбеди размена на суштествени податоци и информации, како и преку подготовка на заеднички проекти за унапредување на меѓуинституционалната соработка.

Претседателката Татјана Димитровска истакна дека, потпишувањето на овој меморандум е еден вид рамка која ги заокружува предходните одржани неофицијални состаноци и заедничкиот став дека интензивирањето и продлабочувањето на соработката, како и делувањето на секоја институција во рамки на своите надлежности ќе допринесе во исполнување на заедничките цели.

Директорот Иванов истакна дека  Државната комисија за спречување на корупција и Управата за финансиска полиција  кои се  слични во своите надлежности и законски обврски во борбата против корупцијата, ќе  мора интензивно да продолжат со активностите, со независно, објективно, одговорно и транспарентно работење  а резултатите на таа борба ќе бидат резултати на нашата држава во целост.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте